Објавено на:

(Видео) Америка го виде затемнувањето на Сонцето: Бајден од терасата на Белата куќа ги предупреди сонародниците да не лудуваат

t

Милиони луѓе долж тесниот коридор од Мексико до Америка и Канада го гледаа целосното затемнување на сонцето, и покрај облаците кои се појавија над некои од областите, но на крајот се расчистија толку љубопитни гледачи кои можеа да уживаат во реткиот феномен.

Месечината прво го замати сонцето за набљудувачите во Мексико, потоа во Тексас и пошироко преку небото над САД и Канада.

Гласот на Америка известува дека се слушнале овации од стотици посматрачи собрани на плажата во туристичкиот град Мазатлан. Додека го чекаа природниот феномен, тие ја подготвија својата опрема за гледање и слушаа како оркестар изведува музика од филмот „Војна на ѕвездите“ додека сликите на принцезата Леја беа проектирани на големото платно.

Затемнувањето потоа стигна до Америка. На Универзитетот Југозападен, во Џорџтаун, Тексас, стотици луѓе се собраа да навиваат дека се расчистило на време за да го видат затемнувањето.

Во Литл Рок, Арканзас, толпата луѓе на балконот на претседателската библиотека Клинтон и во околниот парк навиваа и аплаудираа додека затемнувањето го достигна својот врв.

Меѓу посетителите беше и Денис Тејлор, која отпатува од Денвер со својата сестра за да го види затемнувањето во библиотеката.

„Тоа е толку надреално и сега денот продолжува како ништо да не се случило“, изјави Тејлор за АП. „Во универзумот ова беше толку мала работа. Тоа беше монументално за мене“.

Во Кливленд, Охајо, наставничката Тара Росети едвај чека да се врати кај нејзините ученици во Палм Беј, Флорида за да им каже за затемнувањето. Таа и нејзините пријатели се придружија на толпата пред научниот центар на Големите езера за да го видат затемнувањето под магливото небо. Таа ќе им каже: „Колку беше одлично. Буквално, стана постудено!“

Стотици вработени во Белата куќа во Вашингтон го гледаа затемнувањето од комплексот. Можеше да се слушне потсмев и исвиркување кога облаците накратко го поматија делумното затемнување, но и овации кога небото се расчисти.

Претседателот Џо Бајден беше виден како држи очила за затемнување додека се качуваше на Air Force One во Медисон, Висконсин, каде што патуваше во понеделникот.

Пред тоа на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) објави видео од терасата на Белата куќа како става заштитни очила и ги предупредува своите сонародници да внимаваат.

– Затемнувањето на Сонцето е за восхит. Но, не лудувајте, луѓе, внимавајте на безбедноста и носете заштитни очила – се вели во објавата на Бајден придружувана на видеото.

Над Филаделфија, најголемиот град во Пенсилванија, облаците го покриле небото кога требало да биде најголемото затемнување.

Но, ниту тоа не можеше да го спречи Спенсер Симула да не се насмее. „Очигледно е дека сум малку разочаран, но ги гледате сите луѓе овде и мислите, знаете, тоа е навистина нешто посебно“, изјави тој за АП.

Тој го гледал затемнувањето со луѓе од Обединетото Кралство и Латинска Америка. „Мислам дека по коронавирусот, сите ние сме толку желни да се собереме и да правиме работи заедно“, рече Симула.

Симула дојде подготвен со камера и рече дека претходно направил неколку добри снимки од делумното затемнување пред да навлезат облаците. Околу половина час подоцна, облаците се оддалечија и повторно можеше да се забележи делумно затемнување.

„Облаците се една од најкомплицираните работи за прогноза. Барем нема да врне снег“, рече метеорологот на Националната метеоролошка служба Алекса Мејнс во неделата.

„Целосното затемнување на Сонцето е еден од најемотивните настани што некој може да ги доживее. Вие сте дел од универзумот“, рече Џејн Ригби, научник од проектот за вселенски телескоп Веб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски: Просечна плата од 1.100 евра и…

Носителот на листа на кандидати за пратеници…

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават…

Левица како нова генерација млади политичари на…

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа…

Владата на Република Македонија ја разгледа и…

НАТО ја обвини Русија за „хибридни малигни…

Северноатлантската алијанса ја обвини Русија за „хибридни…

Пендаровски: Очекувам пресврт во вториот круг на…

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва во интервју…