(Видео) Амерканска воена флота на јадранот: Нуклеарен носач на авиони ќе се вкотви во Сплит
Откако хрватската влада дала одобрување, во хрватските води вплови американскиот носач на авиони на нуклеарен погон УСС Хари С. Труман.
Тој со фрегата на норвешката воена морнарица ќе се вкотви денес во Сплит, јави американската амбасада во Загреб.
„Тоа е возбудлива прилика за екипажите на двата брода да ги запознаат жителите на Хрватска и да ги доживеат нејзината историја и природни убавини“, кажа контраадмиралот Курт Реншо, командантот на Осмата ударна група на носачот.
„Неодамна со нашата сојузничка Хрватска, во рамки на НАТО, учествуваме во вежбата Нептун страјк 22 и се радуваме на времето што ќе го поминеме со нашите домаќини“, кажа тој.
„Оваа посета на сплитското пристаниште ќе биде клучна за демонстрација на нашата решителност со американските партнери и сојузници на Јадранот“, кажа капетанот Гавин Даф, командантот на носачот на авиони Хари С. Труман.
Американскиот носач Хари С. Труман е во служба од 1996 година и е еден од носачите на авиони од класата „Нимиц“, најголемите носачи во светот, со големина колку три фудбалски стадиони.
Долг е над 300 метри и широк над 40. Го придвижуваат два нуклеарни реактори кои овозможуваат брзина од над 30 јазли. Без повторно полнење може да плови три милиони милји, речиси 25 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…
Минесота е во шок откако државната претставничка…