(Видео) Ангелов: Нема населени места загрозени од пожарите

t

Нема потреба од паника и од вознемиреност на населението, затоа што не е загрозено ниту Богданци, ниту некое друго населено место, изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов во видео објавено вечерва на нивниот канал на „Јутјуб“, за пожарот во овој регион.

Ангелов потсети дека му се дало приоритет на овој пожар, биле испратени шест „ер трактори“, во текот на вчерашниот ден и хеликоптери. Тие помогнале, но, како што рече, за жал, не е воспоставена контрола.

На пожарот интервенирале лица од доброволните противпожарни друштва од Валандово и од Дојран, како и валандовски професионални пожарникари, но и од Гевгелија, Кавадарци и од Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Владата повторно неспремна ќе ја дочека…

„Откако минатата година изгоре речиси 10% од…

Во изминатото деноноќие имало 12 пожари на…

Во изминатото деноноќие на територијата на државата…

ЦУК: Три пожари на отворено изминатото деноноќие

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Четири пожари на отворено во последното деноноќие

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало…