(Видео) Апасиев: Кој обвинител ќе си стави глава во торба да брка криминалци за 50.000 денари плата?!

t

Сметам дека не треба да се зголемат платите на судиите затоа што ги бираат од тефтерчиња, таму има мноу проблеми и се решливи. Најголем проблем е непотизмот, имате ќерка обвинител, мајка судијка, татко нотар.. Има за тоа лек, се става во апелационо подрачје Штип не можете по прва линија или странично до четврти степен не може да работи,оди работи во Гевгелија, не кај што е мајка ти, вели во денешната епизода на Тешки муабети лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

– Сметам дека трајниот мандат на судиите е лошо уставно решение. Не може да стане судија и е доживотен судија. Истите судијки од тефтерчето на Гордана уште се судијки и никој не ги почитува ама тие луѓе ни делат плата. Зголемени им се на нив платите секако, земаат поголеми плати од пратениците на пример и сакаа уште да им ја зголемат, ама ние блокиравме. Да поминеше тоа ќе значеше дека судија ќе земаше 3,5 илјади евра плата.

Јас не знам и сега зошто им ги зголемија платите, има lex specialis за платите на судиите тој закон не е изменет, а им се покачија платите. Според мене најголема плата треба да имаат Обвинителите, тие се најоштетени во нашиот систем и луѓето околу нив што работат. Кој обвинител ќе си стави глава во торба за 50.000 денари да се тепа со мафија, според мене тој треба да зема поголема плата и ќе бидат и помотивирани да одат и да гонат, не како сега ќе му се јават и толку, вели Апасиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Филмска акција во Шпанија, уапсен еден…

Французин за кој се верува дека е…

Апасиев: Единствена македонска опозиција што го чува…

Пратеник по Устав и по Деловник има…

Спасовски: Решени сме да расчистиме со криминални…

Се разговара со многу лица, се обезбедуваат…

(Видео) Апасиев: Кој обвинител ќе си стави…

Сметам дека не треба да се зголемат…

(Фото) Пратениците на Левица остварија официјална средба…

Денес, 18 октомври 2023 година (среда), претседателот…