(Видео) Апасиев не дозволи ДПМНЕ да ја саботира Анкетната комисија за Кочани
Во присуство на родителите, на денешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, ДПМНЕ преку пратеничката од власта, Иванка Василевска, не се воздржаа од нивниот примитивизам, ароганција, докажување на нивната паника и одлепеност од реалноста.
Претседателот на Анкетната комисија, проф. д-р Димитар Апасиев, со смирен тон реплицираше:
„Почитувана колешке, искрено се надаев дека ќе го надминете вашиот вмровски примитивизам, но тој дојде со целото ваше правно и латинско незнаење. Вашето правно незнаење и глума како професор по право не треба да ни го продавате како теоретски аргумент.
Она што го прочитавте беше допис на Обвинителот во врска со вашата вмровска анкетна комисија, а не со Постојаната анкетна комисија, која е уставна категорија, гарантирана во членот 76 од Уставот.
На вистината, почитувани колешки, не ѝ е потребна поддршката на вмровците за да биде вистина. Гласот на мајките не може да биде замолчен дури ни од овој Парламент!
Комисијата не врши истражни и други судски функции, но согласно Уставот, наодите на Комисијата се основа за поведување постапка за утврдување одговорност на носителите на јавни функции. Каква одговорност? Па се разбира дека политичка одговорност, за да немаме министер во актуелната Влада кој со службено возило оди на судење. Е, за тоа е оваа Комисија, за да утврдиме каде потфрливме ние како општество, а потоа и сите ние како пратеници”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари
Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…
Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по…
СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против…
Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини,…
Сите мини во меѓународните води на Ормуска…
Почина Доли Партон, кралицата на кантри музикат
Легендарната американска пејачка и авторка Доли Партон…
Некој пукал во бик со воздушна пушка…
Жител на тетовското село Волковија пријавил во…