(Видео) Арсовска: Во дописот кој Перински го испраќаат до Европската банка се гледа самоволието несоодветно постапување во постапка за милионски тендер!
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го разреши директорот на ЈП Водовод – Скопје, Златко Перински поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер.
– Поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на тендер вреден 136 милиони евра, за изведба на пречистителна станица, Перински е разрешен во петокот на 09.09.2022 година – стои во соопштението на Град Скопје.
На прес-конференција Арсовска го посочи конкретниот случај во кој Перински покажал самоволие.
-Сака да инсинуира дека во постапката во која сме барале да се сменат членовите и пишале на Европската банка, но не добиле јасна согласност. Токму тука се гледа практицирањето на самоволието затоа што во дописот кој го испраќаат до Европската банка, личноста која го испраќа тој допис кажува дека смета дека… и дава насоки на Европската банка дека оваа промена ќе наштети на процесот, односно што смета дека ќе предизвика. Инаку ние јасно со одредбите од договорот на Европската банка знаеме на кој начин се постапува во овој тип на постапка, вели Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради силен ветер: На неколку патни правци…
ЈП „Македонијапат“ вечерва информира дека поради силен…
Силен ветер со брзина над 80 километри…
Управата за хидрометеоролошки работи најавува силен југозападен…
Трамп им се јави на европските лидери…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, преку телефон…
Ученичка била физички малтретирана од нејзината мајка,…
На 18.11.2026 во 11:30 часот во СВР…
Сајбернапади кај надворешни добавувачи на „Џеј Пи…
„Џеј Пи Морган Чејс“, „Виза“ и „Мастеркард“…