Објавено на:

(Видео) Арсовска ги подбра советниците од СДСМ и ДПМНЕ: Направивте коалиција против граѓаните кои ве плаќаат по 500 евра месечно!

t

Многу ми е жал кога ќе видам ваква дволичност од оваа седница, само вие имате право да доставувате дополнителни точки на дневен ред кога тоа на вас ви одговара, другите не смеат.

За некој кој е мнозинство и го претседава овој совет со месеци не може да ги изгласа програмите со кои функционира градот, сметам дека е несоодветно да се дрзнете да ги учите луѓето кој какво овластување има, истакна на денешната седница на Советот на Град Скопје градоначалничката Данела Арсовска откако Советот не ја стави на дневен ред точката за набавка на нови еко-автобуси за ЈСП.

-Сите овие месеци работите спротивно од интересот на граѓаните, вие ли само можете да свикувате вонредни седници, само вие да креирате преседани и тогаш се дозволени, а кога не се гласаат програмите и треба да се носат одлуки тука не може.

Целосно сте нефункционални, по 500 евра паушали земате, не ги заслужувате парите кои ги земате од граѓаните. Претседател на ваш огранок испрати допис дека треба да се одвојат средства за автобуси за ЈСП.

Кажете ми во која општина претседател се дрзнал да не стави точка на дневен ред оти веќе трипати била ставена. Не го злоупотребувајте процедуралното, ова денеска е терање гола политика.

Граѓаните гледаат и судат. Сте направиле една коалиција против граѓаните, да работевте за граѓаните ќе ги изгласавте одлуките и ќе можевте да се пофалите дека сте направиле нешто добро на нив, истакна Арсовска.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…

СДС и Венко Филипче што со демагогии,…

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…