(Видео) Арсовска: Град Скопје е пријател на лицата со попреченост

t

Во денешната емисија “Наше Скопје” Арсовска истакна дека Град Скопје е пријател на лицата со попречености, и прави се што е во неговоите надлежности и можности за помош и надминување на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат овие лица.

“Ги поддржуваме сите активности кои имаат за цел да покажат поголема грижа за подигнување на свесноста и директна помош на лицата кои имаат ваква потреба.
Изминатиов период имавме повеќе настани кои од голем број аспекти укажуваат на што е она што треба да го нарпавиме за да овозможиме за сите овие граѓани кои се соочуваат со секојдневни проблеми. Сите активности од нивна страна ги поддржуваме, да се разреши она што со години не било разрешено. Маршот што го направивме со лицата кои имаат мултиплекс склероза не е само подигање на свесноста за лицата кои се соочуваат со оваа болест, туку и директна помош со цел надминување на сите проблеми и предизвици со кои се соочуваат. Во две средни училишта се овозможени апарати и реквизити за овие лица без никаква надомест. Се она што е во наша надлежност, во наша можност без разлика дали е она што можеме да го направиме со гест за поддршка на нивните активности или финансиска поддршка, го правиме.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Херојот кој беше убиен во Вејце –…

почит кон споменот на бранителот Бобан Трајковски,…

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на…

Уште еден голем успех на хрватските лекари.…

Пожар зад Универзална сала

Пожар избувна предмалку во куќа на улицата…

Медведев во негов стил: Ќе ги победиме…

Русија ќе победи во борбата против новите…

Мицотакис: Грција нема да испрати Патриот или…

Грција нема да ѝ испорача на Украина…