(Видео) Арсовска: Десетина лица ќе мора да почнат да работат за да ја заработат платата од 60.000 денари – Бранење неработници не е синдикално организирање

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Аровска на денешната вонредна прес-конференција објасни дека штрајкот кој го најавува ССМ во ЈП “Водовод и канализација” е само заради десетина лица на кои воопшто не им биле ускратени никакви права, ниту биле деградирани, туку едноставно сега треба да почнат да работат за да ја заработат платата која кај некои од нив изнесува и над 60.000 денари.

На прашање на Инфомакс, дали само заради десетина вработени лица во Водовод кои се хоризонтално распоредени, кои не оделе на работа и земале плата, затоа е највен штрајк Арсовска одговори:

– Минатата недела видовте една прес- конференција каде беа покажани овие документи тука кои беа дотавени и до нас, тоа е еден документ кој што доаѓа од државниот инспекторат за труд и државниот уиправен инспекторат кои нотираат технички грешки. Овие грешки се корегирани истиот ден кога беа добиени записниците и понатаму нема што да се дискутира.

Доколку некој се става да биде инструмент во политичка пресметка и некој сака да брани неработници наместо работници, тоа веќе не е синдикално организирање, тоа се вика политичка партиска пресметка. Овие лица се уште земаат иста плата, 60000 денари, каква деградација е тоа, само се бара од нив да работат, а не како до сега да седат во канцеларија, вели Арсовска.

Градоначалниката додаде дека прераспределените лица остануваат раководни лица, но не на истите позиции кои тие ги посакуваат, туку на други каде што ќе мора да почнат да работат за да си ја заработат платата која ја добиваат.

– Тие биле ставени како раководни лица и сега се раководни лица ама не се таму каде што тие сакаат да бидат, Во едно ЈП и онаму каде што се извршува дејност од јавен интерес одговорност и право на едно лице е да ги распредели лицата да работта таму каде што смета дека најдорто ќе ги извршуваат задачите. Тие сега ќе треба да работат, не можат да седат во канцеларија на фотелја. Ако граѓаните кажуваат дека се неопходни водоинсталатори, инкаасатори, за да не се ствараат спорови затоа што некој со години не ги читал водомерите, сметам дека тоа е техничкиот персонал што треба да е обезбеди во ова ЈП, да бидат соодветно платени ама не да се иснтрументализира некој што сака да работи да седи на директорски места и да не работат ништо, нагласи Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…

За скопските општини денеска е неработен ден…

За скопските општини денеска е неработен ден…