(Видео) Арсовска ексклузивно за Инфомакс открива: Три години од мандатот на Шилегов на јавните набавки се пријавувале само една до две фирми – ова е исклучително сомнително

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ексклузивно за Инфомакс во емисијата „Наше Скопје“ открива дека во последните три години мандат на Петре Шилегов како градоначалник на јавните набавки конкурирале исклучително низок број на компании.

Арсовска истакна дека се работи за милионски тендери на кои се пријавувале не повеќе од три компании. Иако тендерите биле исклучително атраткивни речиси и да немало интерес да се работи на овие големи проекти од компаниите, додавајќи дека целата оваа ситуација е исклучително сомнителна.

Таа потенцираше дека откако е таа градоначалник на тендерите редовно се пријавуваат и по 15-тина компании, а цената значително се намаалува на овие јавни надавања.

-Ги разгледувавме наназад начинот на кои биле доделувани јавните набавки. Иако има правила и процедури соогласно кој тие се спроведуваат индикативно е тоа што од 2019-та година па наваму на оние поголеми проекти во градот се појавувале само еден, двајца до тројца понудувачи за разлика од претходно кога имало по десетина на секоја јавна набавка. И еве сега во овие понуди ние кои што ги имаме особено за овие инсфраструктурни проекти што ги објавуваме во делот на реконструкција и санација на сообраќајниците имаше околу 15-тина понудувачи на јавните набавки. И сето ова вродува со сомнеж зошто во 2019-та, 2020-та и 2021 на овие јавни набавки кои можам да кажм се исклучително атрактивни бидејќи се работи за големи суми за инвестициски инфраструктурни проекти би се пријавувале само еден или двајца понудувачи и цената би се намалувала за 1 процент или воопшто. Во новите јавни набавки откако сум јас градоначалник цените значително се намалуваат поради големиот број на понуди, вели таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокат по грешка развел погрешна двојка

Мала компјутерска грешка во адвокатска фирма специјализирана…

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Во центарот на Славонски Брод во попладневните…

ЗАВРШИ ГЛАСАЊЕТО ВО ЗАТВОРИТЕ, НА БОЛНИТЕ И…

Вкупно 14-те гласачки места во казнено поправни…

(Фото) Апасиев се огласи со оптимистички пораки…

Апасиев се огласи на социјалните мрежи со…

11 лица незаконски работеле на Токсикологија

5 медицински сестри, 3 болничари, 1 лаборант…