(Видео) Арсовска: Завршена изградбата на улицата „Македонско-косовска бригада“ крак 18 во Шуто Оризари

Завршена изградбата на улицата „Македонско косовска бригада“ крак 18, во општината Шуто Оризари, поставена како приоритет за изведба од жителите во општината затоа што беше раскопана, неасфалтирана и во видно лоша состојба. Жителите во општината се соочуваат со многубројни предизвици, а на нивно барање во приоритети покрај изградбата на крак 18, се и краците 38 и 40, објави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
– Со реализацијата на овој проект, граѓаните на Шуто Оризари добиваат нова патна инфраструктура и решение за долгодишните проблеми. Главната цел на градските градежни активности е во Скопје повеќе да нема заборавени населби, туку градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел.
Градежните работи на терен ги изведе Јавното претпријатие „Улици и патишта“, при што завршена е коловозна површина од 1520 квадратни метри, со цел движењето на граѓаните на тој потег да биде безбедно, а едновремено јавното претпријатие работи и на изведба на партерно уредување на спортската сала во Шуто Оризари, посочи Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…
Во завршна фаза се активностите за санација…
Од вечер повеќе од половина од Скопје…
Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…
Штедете и гответе оброци што не бараат…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…