(Видео) Арсовска: Завршена изградбата на улицата „Македонско-косовска бригада“ крак 18 во Шуто Оризари

t

 Завршена изградбата на улицата „Македонско косовска бригада“ крак 18, во општината Шуто Оризари, поставена како приоритет за изведба од жителите во општината затоа што беше раскопана, неасфалтирана и во видно лоша состојба. Жителите во општината се соочуваат со многубројни предизвици, а на нивно барање во приоритети покрај изградбата на крак 18, се и краците 38 и 40, објави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

–  Со реализацијата на овој проект, граѓаните на Шуто Оризари добиваат нова патна инфраструктура и решение за долгодишните проблеми. Главната цел на градските градежни активности е во Скопје повеќе да нема заборавени населби, туку градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел.

 Градежните работи на терен ги изведе Јавното претпријатие „Улици и патишта“, при што завршена е коловозна површина од 1520 квадратни метри, со цел движењето на граѓаните на тој потег да биде безбедно, а едновремено јавното претпријатие работи и на изведба на партерно уредување на спортската сала во Шуто Оризари, посочи Арсовска.

ЛИНК ОД ВИДЕОТО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…