(Видео) Арсовска заедно со професорот Гаревски на мостот „Беласица“: Нема посериозни структурни нарушувања, ќе се направат сите испитувања – политичарите да не шират паника

t

Градоначалничката Данела Арсовска заедно со реномираниот професор, Михаил Гаревски утринава го посетија мостот Беласица кој беше зафатен од пожар пред точно една недела.

Арсовска и професорот најави детална анализа за состојбата во која се наоѓа мостот по пожарот која ќе даде конечен заклучок дали мостот е безбеден за користење од страна на граѓаните.

Првичните информации говорат за тоа дека за среќа нема посериозни оштетувања на мостот, оштетувања кои би можеле да ја нарушат самата структура.

Сепак ќе мора да се почека да професорот Гаревски до крај ги спроведе сите можни испитувања, а со тоа да се осигура безбедноста на Скопјани.

– Денеска со мене е и еден од најголемите експерти не само во Македонија туку и пошироко професорот Михаил Гаревски кој во текот на изминатата недела изврши иницијални проверки со цел да добиеме потврда и да бидеме сигурни дека во моментот кога мостот ќе биде пуштен во употреба нема да биде загрозен никој.Напоменувам дека заедно со помошта на видни стручни лица од областа, Град Скопје ги превзема сите потребни проверки со цел да бидеме сигурни дека никој нема да биде доведен во опасност и затоа се спроведува детално истражување за штетата која би можела пожарот да ја нанесе на мостот „Беласица“ вели Арсовска.

Арсовска апелираше до сите институции кои се сметаат за надлежни да ги спроведат потребните испитувања наместо да шират страв и паника со паушални тврдења.

– Ја користам оваа прилика уште еднаш да апелирам до сите институции да бидат на висина на задачата и прво да се спроведат сите можни испитувања на мостот Беласица како што тоа го прави Градот Скопје со цел да дојдеме до вистински заклучок кога најбрзо мостот може повторно да биде пуштен во употреба. Паушалните тврдења како досега кои произлегоа од политичките агенди на групи и поединци, што само шират страв и паника помеѓу граѓаните, не помагаат никому. Жалам што можам да констатирам дека секоја непогода со која се соочува градот резултира со медиумски линч на градската администрација иако на граѓаните им е јасно дека се работи само за очајни обиди за собирање на политички поени, рече Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…

Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…

Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…

Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…

Големо признание за Тамара Котевска – гран…

Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…

ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски…

Се одржа редовна седница на Извршниот комитет…