(Видео) Арсовска: Наследивме проблеми наместо проекти
Во денешната епизода на “Наше Скопје” градоначалничката Арсовска изјави дека наследила неколку проекти кои се започнати и оставени со многи проблеми кои треба да се решат.
“Наидовме на град без проекти, и тоа граѓаните треба да го знаат. Во 6 месеци, за да почнете нешто да работите прво треба да објавите јавен повик за тендерска постапка за изработка на основни проекти. Па понатаму откако ќе заврши оваа постапка, треба да објавите постапка за тендерирање за да биде изработен проектот, за да почне да се работи на терен. Оваа процедура за еден проект трае 4 месеци. Најдовме затекнати проекти како што е мостот на булеварот АСНОМ кој ги поврзува Аеродром со Гази Баба, клучката кај Скупи, Универзална сала, овие се проекти кои се оставени со толку многу проблеми за решавање што не знам како воопшто започнале без претходно да биде размислено на кој начин ќе стигнат до своја реализација.Од вкупно 275 постапки за експропријација. За три години претходното раководство успеало да разреши 31 предмет, а со осум предмети успеале да влезат во процес на спор.
За само 4 месеци, сегашното градско раководство успеа да реши 82 предмети.” истакна Арсовска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена натепала скопјанец откако се скарале за…
Скопјанец вчера нападнат од жена откако настанало…
Штипјанка измамена за речиси 5.000 евра од…
42- годишна жена од Штип вчера пријавила…
За одредени пациенти имало и до осум…
Во лекувањето на одредени пациенти учествувале од…
Германска банка под истрага поради финансирање на…
Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е…
Клековски: Имаме 50 пациенти со западнонилска треска,…
За три лица се чека потврда дали…