(Видео) Арсовска на терен: Работиме и ќе работиме до доцните ноќни часови се додека не бидат отстранети сите штети!

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска по денешното големо невреме кое го зафати Скопје излезе на терен заедно со кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија.

Градоначалничката даде изјава за медиумите во која истакна дека екипите на јавните претпријатија и кризниот штаб ќе работат вечерва до доцна во коќта, онолку колку што ќе биде потребно за да се расчистат штетите.

– Денеска во попладневните часови Скопје се соочи со едно навистина страшно невреме чиишто штети верувам можевте да ги видите изминатите неколку часа.

Кризниот штаб на Град Скопје беше свикан теренски и со екипите на јавните градски претпријатија, противпожарната бригада на Град Скопје работиме се уште на терен и ќе работиме до доцните ноќни часови се додека не бидат отстранети сите они предизвици и штети на градските улици,а се со цел целосно санирање на она што го имаме во овој момент..

Морам да истакнам голема благодарност до сите комунални претпријатија како и на противпожарната единица кои до овој момент спасија некаде околу дваесетина лица, истакна Арсовска.

– Се санираат штетите од огромните врнежи од дожд, а исто така имаше и откорнати дрвја и материјални штети.

Ќе ги разгледаме сите можности за да се санираат штетите на начин да не се повторат веќе никогаш повеќе, имајќи предвид дека покрај силните врнежи и ветер најголемиот предизвик беше всушност поради оваа атмосферска канализцаија и инфрастуктура која веројатно е несоодветна.

Во следните денови ќе излеземе со целосна анализа и информација за јавноста на кој начин ќе бидат решени овие предизвици, а верувам дека треба да се работи секогаш да бидеме подготвени за вакви природни непогоди како што бевме и денеска, истакна Арсовска.

ЛИНК од видеото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…