(Видео) Арсовска не е загрижена дали советниците на ВМРО ќе и отповикаат поддршка: Нема ниту еден поединец кој е поважен од волјата на граѓаните и од програмата која ја имаат избрано на овие избори
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска воопшто не е загрижена дали советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе и отповикаат поддршка по разрешувањето на директорот на Водовод, Златко Перински бидејќи според неа сите треба да работат во интерес на скопјани и за програмата за која гласале граѓаните на избори.
-Aко борбата со вакви работи кои што се случуваа до сега треба да биде причина некој да отповика поддршка дома нека отповика. Советниците треба да гласаат во интерес на скопјани, граѓаните се важни тука. Ниту една партија не е важна. Нема ниту еден поединец кој е поважен од волјата на граѓаните и од програмата која ја имаат избрано на овие избори. Доколку одлучат дека не сакаат проектите за Скопјани да ги поддржуваат таму одговорноста е кај нив, не кај градоначалникот. Секој си одговара за сопствените постапки, вели Арсовска.
Имено Перински беше разрешен откако фаворизираше една компанија во тендерската постапка за изградба на пречистителна станица на реката Вардар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Етиопија и Еритреја трупаат војска, расте стравот…
Етиопија и Еритреја распоредиле дополнителни сили долж…
Илон Маск: „Премногу се зборува дека Украина…
Американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Спејс…
Путин ја презема одговорноста за нападите на…
Рускиот претседател Владимир Путин призна дека Москва…
Oбид за убиство во гостиварско Чегране
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…
Димовски: Србија го следи примерот на македонската…
Политичките случувања и протестните движења во Србија…