(Видео) Арсовска: Продолжуваме со офанзивата каде сите јавни претпријатија работат на решавање на предизвиците на граѓаните
Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска истакна дека продолжува офанзивата на сите јавни претпријатија во сите општини.
– “Изминатава недела имаше голем број активности, дел од пролетната, сега веќе летна акција која се одвива по десетте скопски општини каде сите јавни претпријатија работат заедно за да ги разрешат детектираните проблеми.
ЈП Комунална хигиена, Улици и патишта, Водовод, Дрисла и сите работат на санирање на сливниците, се кастрат гранките по булеварите за да нема штети при вакви невремиња како денес.
Се работи да се обнови сообраќајната хоризонтална и вертикална сигнализација, за да се заштитат граѓаните. Се работи секаде кадешто е детектирано дека треба да се возобнови, после цела деценија се одбележаа такси станиците низ градот. Таксистите добиваа казни затоа што стоеле на необележани места, сега се обележани видно и беше зголемен бројот согласно постојниот елаборат.” – вели Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…
По повод големиот јубилеј, 100 години од…