(Видео) Арсовска: Реализирана првата фаза од реконструкцијата на ул. “Перо Наков” – нов зелен појас од 1.700 метри
Реализирана е првата фаза од реконструкцијата на улицата Перо Наков, на површина од над 18.000 метри квадратни и должина од два километри, при што воедно се заменија оштетените рабници, се реконструираа автобуските стојалишта и се подигна 1700 метри квадратни нов зелен појас, објави на Фејсбук градоначалничката Данела Арсовска која сподели и видео на кое се гледа претходната и моменталната состојба на улицата.
-По оваа улица секојдневно се движат тешки товарни возила, а нивното движење предизвикува големи оштетувања на коловозот. Барањето за реконструкција се истакнуваше како децениски проблем за повеќе од 10.000 граѓани од месните заедници Кирил Петрушевски, Триангла и Маџари 1, а со реализација на овој проект значително се зголемува безбедноста на учесниците во сообраќајот, напиша Арсовска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…