(Видео) Арсовска: Реконструирана улицата Даме Груев во Центар
Град Скопје ја реконструираше улицата „Даме Груев“ во Центар, објавија од Градот Скопје.
-Завршија градежните работи на улицата „Даме Груев“ од раскрсницата со ул. Димитрие Чуповски до раскрсница со ул.11ти Октомври, реконструкција која се одвиваше во две фази. Оваа сообраќајница во централното градско подрачје беше во лоша состојба и континуирано беше посочувана од жителите коишто ја користат како опасност за учесниците во сообраќајот.
– Со реконструкцијата на оваа фреквентна и значајна сообраќајница за граѓаните на Скопје, особено за жителите на Центар и за оние што секојдневно го возат овој потег, се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот, што е еден од приоритетите на Градот – изјави Арсовска.
Во текот на градежните работи, што на терен ги извршуваше градското јавно претпријатие Улици и патишта Скопје, на овој дел од улицата „Даме Груев“ покрај коловозотот, беа реконструирани пешачки патеки, нивелирани шахтите и сливниците и подигнато ново градско зеленило на крстосницата со ул. Димитрие Чуповски.
Градот Скопје, исто така, работи на сообраќајно решение за непрекината велосипедска патека и дополнително уредување на зеленилото по должината на целата сообраќајница, како и на трансформација на дел од трасата во нова зелена површина.
Екипи на Град Скопје и градските јавни претпријатија ги продолжуваат градежните активности за обнова на повеќе градски булевари и улици на повеќе локации низ сите скопски општини, објавија оттаму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…