Објавено на:

(Видео) Арсовска: Скопските пожарникари денес помагаа во Тетово – тие се нашата гордост

t

Во денешната епизода на Град Скопје, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовскаобјасни дека Градот се грижи за пожарникарите, не само со склучувањето на колективниот договор туку и со набавка на опрема.

– Прво би сакала да ја истакнам големата благодарност кон скопската противпожарна бригада, тие секогаш несебично се жртвуваат, помагаа и денеска во пожарот во Тетово. Граѓаните можеби не се свесни колку се тие потребни, но тие секојдневно излегуваат на терен.

Пожарникарите се гордоста на Град Скопје, во изминатите месеци и недели имаше големи пожари, два пожари во еден ден во изминатите неколку недели, пред тоа големиот пожар во фабрката Треска во која интервенираа дури 55 пожарникари. Граѓаните верувамд ека мирно спијат знаејќи дека тие се тука дека спасуваат животи, намалуваат штета колку што е возможно. Се грижиме да го добијат тоа што го заслужуваат, не само тоа што го бараат. Претходно беа регулирани со правилник, сега склучивме колективен договор каде се регулирани не само работните часови туку и прекувремената работа, ноќните смени и слично.

Противпожарната бригада ја најдовме во многу лоша состојба. Тоа не е така само во Скопје, има возила стари над 35 години. Полека се разрешуваат сите предизвици, сите проблеми кои ги затекнавме ги решаваме. Оние возила што ги имаат се стари, најновите во просек се 18-20 години, највисоката просечна старост е 40 години, тие се веќе експонати.

Тоа со кое работат пожарникарите е за почит, имајќи предвид како работат и со што се справуваат кога имаат ваква опрема. Тие луѓе заслужуваат не само возила туку и лична заштита, да знаат дека нема да бидат во опасност кога влегуваат во оган, вели Арсовска.

Слдете ја емисијата во живо на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: Двајцата пожарникари се обиделе да го…

Секторот за внатрешни работи Тетово излезе со…

Арсовска традиционално ја дочека Новата година со…

Традиционално, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска,…

Пожар во ГТЦ: Експресна реакција на пожарникарите!

Поради невнимание во Градскиот трговски центар во…

ГИ УДРИЛО СТРУЈА ДОДЕКА ГАСНЕЛЕ ПОЖАР Повредени…

СВР Охрид соопшти дека синоќа околу 23…

(Фото галерија) Успешна акција што ќе ви…

Територијалната противпожарна единица на Град Скопје вечерва…