(Видео) Арсовска: Советниците имаат комплетна слобода во изборот на условите, најважно ни е да се набават нови еколошки автобуси за граѓаните!

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешната прес-конференција побара советниците во Советот на Градот да дадат поддршка за набавка на нови еко-автобуси за Јавното сообраќајно претпријатие со цел да се обнови дотраениот возен парк и да се обезбеди поквалитетна услуга за граѓаните.

– Бараме поддршка за набавка на нови еко-автобуси кои ќе немаат штетни емисии во воздухот и ќе ги заменат старите дотраени и незадоволителни автобуси. Со ова ќе се стандардизира услугата за сите граѓани, ќе се намалат трошоците, а ќе се заштити и животната средина, истакна Арсовска.

Градоначалничката нагласи дека на советниците им се дава комплетна слобода да ги изберат условите за набавка на автобусите и начинот на кредитирање на проектот.

Ова се постапки кои не се разликуваат од сите останати постапки во градот, без разлика дали се работи за автобуси или нешто друго, подлежат под Законот за јавни набавки. Ние треба прво да обезбедиме соодветно финансирање, ние им предложивме на советниците самите да одлучат која опција за кредитирање ќе се одбере, затоа што за нас најважно од сè е да се добие нешто што граѓаните го бараат.

Ако од сите останати метрополи возниот парк се обновува на три години, ние исотто треба да им го овозможиме и на граѓаните на Скопје, ние им даваме целосна слобода на советниците да одберат кои ќе бидат условите за набавување и кредитирање.

Многу лицемерно би било доколку кажат дека ги застапуваат граѓаните ако не ја гласаат одлуката. Образот пред граѓаните кога ќе излезат утре е на нивен товар, важно е за сите нас, за цела Македонија и Скопје да она што ќе се вети се покаже авторитет и интегритет дека ќе се реализира. Само на тој начин ќе знаеме дека имаме одговорни политичари кои испорачуваат тоа што го ветиле пред граѓаните. Тоа е важен сегмент во делот на животната средина, ќе дојде зимскиопт период и ќе се чудиме зошто сме на врвот на загаденост, веќе одминаа три месеци, влегуваме во четвртиот месец од годината, кога ќе се носат тие одлуки? Како Град Скопје да постапува во животната средина кога советниците не носат програми за животна средина, не може да се искористат поволности затоа што има партиски и политички препирки во Советот на Градот, вели Арсовска.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ДПМНЕ ја остави Универзална да се…

ДПМНЕ ја остави Универзална сала да се…

Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто

Цените на становите во Скопје во првиот…

Уапсен скопјанец за изнудување пари, доби притвор…

Уапсен е сторител на кривично дело „изнуда”…

(Фото) Од далеку многу, далеку од многу:…

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ имало околу 25.000…

Британец починал на Клиника, бил донесен во…

Вчера вечер, во 19.12 часот во СВР…