(Видео) Арсовска упадна на пресот на Перински: Европските банки биле наведувани од директорот со цел да биде избрана најскапата понуда! – Екс директорот фатен во милионски криминал?

t

Инфомакс пред два дена откриј мега скандал, скандал во кој граѓаните би биле оштетени за 20-тина милиони евра во тендерска постапка од веќе екс-директорот на ЈП Водовод- Скопје, Златко Перински.

Имено откривме дека Перински фаворизирал австриска компанија да го добие тендерот за пречистителна станица на Вардар во близина на Трубарево, занемарувајќи ги условите на Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициона банка кои се кредиторите на овој проект.

За условите кои ги наметнал Перински со што фаворизирал фирма која истата работа би ја завршија за 20 милиони евра поскапо од најниската понудена цена тој не ја известил ниту градоначалничката Данела Арсовска, ниту советот, ниту Градот Скопје, однесување поради кое тој беше разрешен.

Попладнево Перински иако од петокот веќе не е директор на компанијата свика вонреден прес на кој се појави и Арсовска.

Арсовска изрази сериозни сомневања за обид на Перински да фаворизира една од компаниите со што би биле оштетени скопјани. Таа открива дека целата постапка директорот на Водовод ја водел нетранспарентно што вродило со сомнеж за криминал.

-Ние изразивме сомнеж бидејќи во изминатите месеци, ниту Град Скопје, ниту советот, ниту јас како градоначалник имаме добиено информација за во која насока се движат процесите врзани со избирање на најдобар понудувач за пречистителната станица. Притоа ова е проект кој се прави со европски средства и е во вредност од над 130 милиони евра. Кога имате една ваква постапка во која самите слушнавте можеле тогаш да се променат комисиите меѓутоа сега кога ние добиваме индиции дека лицата внатре работата нетранспарентно односно не известуваат за ништо што се случува таму во тој процес и откако бараме да се променат членовите во комисијата одненадеж и покрај тоа што промените на членовите во комисиите се регулирани во договорите со европските банки каде точно и определено се кажува дали можат да се сменат и што се случува во таков случај и се е тоа добро определено со соодветните договори. Тоа што директорот во случајот за еден ден си обезбедил претходна согласност, а во овој случај правеле преписки со европските банки притоа наведувајќи ги во која насока сакаат да биде нивниот одговор во конкретниот случај кај нас покрена сомнение дека нешто не е соодветно со она кое што треба да биде направено. И на крајот нетранспарентноста во целата постапка е она кое што ги покрена сите овие сомнежи. Ние како град Скопје нема да дозволиме со средства кои се обезбедени од Европските банки и се обезбедни од државата некој да си подигрува. Да процесот може да почне од ново. Процесот ќе биде јасен, јавен и транспарентен, сите скопјани да знаат на кој начин ќе се одвива постапката и како во тој процес ќе се одвива се, вели градоначалничката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…