(Видео) „Артан п*чк@ бугарска“: Зошто балистите на Дестани го минираат Али Ахмети?!

t

Навистина беше тензично, па ако сакате и драматично пред и за време на фудбалското дерби во Тетово помеѓу Шкендија и Шкупи. Мешаници, туркање, тврди предмети на теренот, провокации.. Македонската спортска јавност се уште е во неверување што се случуваше во Тетово и од каде толку голема омраза одеднаш помеѓу овие два тима. Па во времето на моќен Вардар и тогашна Слога Југомагнат не се случуваа вакви тешки инциденти.

Навивачите на Шкендија за време на натпреварот упатија дури и неколку пароли на кирилица, што уште повеќе ги разлутило навивачите од Чаир. Да не заборавиме дека за време на фудбалскиот натпревар беше скандирано и ,,Груби пи*ко бугарска” и уште низа на провокации кон раководството на гостинот. Си го поставуваме прашањето од каде толкава омраза помеѓу овие два фудбалски клуба? Изгледа политиката влегла во двата тима, па спротивставените ставови од политиката сега ги префрлија и на фудбалските терени.. Тука ,,лежи зајакот”.

Ајде да објасниме што се случуваше во Тетово. Навивачите на ФК Шкупи тргнаа со автобуси на пат да го бодрат својот тим во Тетово, но беа спречени од голем кордон на полиција пред патарина, па мораше да реагира тренерот на тимот, Гоце Седлоски и да ги смирува разлутените навивачи. Неофицијално дознаваме дека таму бил и Артан Груби.

Од сигурни извори дознаваме дека овие инциденти во Тетово во неделата многу го погодиле и првиот човек на ДУИ, Али Ахмети кој експресно ги седнал на маса раководните луѓе на ФК Шкупи, а барал и средба со првиот човек на ФК Шкендија, бизнисменот Лазим Дестани. Дестани е бизнисмен и сопственик на компанијата „Еколог“, веќе неколку години е прв човек на ФК Шкендија, а во овој момент важи и за близок човек на една опозициона партија во Македонија.

Според нашите информации тензиите на навивачките групи ,,Шверцери” и ,,Балисти” се резултат на различните политички гледишта на водачите на двете навивачки групи како и сопствеништвото. Како што е добро познато, Артан Груби беше водач на навивачите на Шкупи, ,,Шверцери”. A како што дознаваме сопстевеникот на Шкендија, Дестани веќе отворено го поддржува опозицискиот албански политички блок во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хаос во Бирмингем: Полските навивачи запалија…

Полицијата во Бирмингем имаше многу работа пред…

Новина во фудбалот, ќе се воведе портокалов…

Меѓународниот одбор на фудбалска асоцијација (IFAB) начелно…

Младите македонски фудбалери ја декласираа Саудиска Арабија…

Репрезентацијата на Македонија до 19 години славеше…

СРАМОТА: Одземени знамињата со сонцето од Кутлеш…

Во Националната Арена „Тоше Проески“ вечерва ќе…

(Видео) МАЕСТРО НАЦОСКИ! ДЕНЕС НАД МАКЕДОНИЈА СЕ…

Фудбласката селекција на Македонија ги продолжува настапите…