(Видео) Атанасовски: Пендаровски потона поради лошиот сентимент кон СДСМ – И Црвенковски да беше претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ќе победеше
Најоптималните анкети пред изборите беа 53 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, кога ќе се види дека бројката на ВМРО-ДПМНЕ беше качена за 5-6 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, а намалени 9-10 пратеници од СДСМ, ќе видите дека во меѓувреме се случило некое сериозно прекршување кај гласачкото тело.
Едно од тие мотиви да се гласа е скандирањето „УЧК, УЧК“ од страна на Али Ахмети, тоа мислам дека било пресудно за неопределените гласачи, да одат и да гласаат на изборите. Втората работа е бојкотот на претседателските избори од страна на ДУИ, за да се спрчеи институционална криза, вели во гостување во „Тешки муабети“ политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски.
– За мене е нормално и очекувано Стево Пендаровски да има повеќе гласови од СДСМ, тој потона поради лошиот сентимент кон СДСМ, додава Атанасовски.
– Така беше зовриена желбата за казнување на СДСМ, јас иронично велам Бранко Црвенковски да беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, тој ќе победеше на изборите. Ретко има таков порив за казнување на некоја опција, не се случува на секои избори, вели Атанасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа…
Откако му ги откривме сите скандали на…
СДСМ: Мицкоски да каже за парите од…
Кога наместо да деде одговор на конкретно…
СДСМ го осудува насилството и сценаријата на…
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува…
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…
Костадинов до ДПМНЕ: ВМРО не е ваша…
Не е проблем што ВМРО-ДПМНЕ не разбираат…