(Видео) Атракција: Филип Талески буквално “го искрши” зглобот и го измами Мрква

t

Ракометната репрезентација на Македонија во преполната сала „Борис Трајковски“ ја дочека Чешка, во реваншот на баражот за Светското првенство. Откако во Злин одиграа нерешени 24-24, а таму Македонија правеше атракција, по атракција. Поради тоа Чесите ја научија лекцијата и во Скопје се попретпазливи. 

Сепак, Филип Талески се погрижи за скопската публика да не остане без атрактивни потези. Во една контра, крушевчанецот излета сам на линијата за шест метри очи во очи со Мрква, па со „вртенка“ го измами и ја крена публиката на нозе. 

Токму Филип Талески е еден од најдобрите ракометари на Македонија во овој двомеч со Чешка, а тоа го покажа и со неколкуте убави потези. 

Видеото може да го погледнете ОВДЕ.

Извор: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…

Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Чешкиот премиер обвинува: Европа е немоќна и…

Чешкиот премиер Андреј Бабиш денес ја обвини…