(Видео) Африм Муча во живо за Инфомакс: Ќе следи тужба за сите невистини по социјалните мрежи!
Африм Муча, претставник на еден од синдикатите во ЈСП кои вчера протестираа пред просториите на Град Скопје бидејќи советниците на ВМРО-ДПМНЕ го блокираа донесувањето на субвенциите за ЈСП и исплатата на плати на вработените денеска најави тужба за изнесените лаги по социјалните мрежи.
Откако не успеаја да спречат исплата на платите за вработените во ЈСП, продолжија со линч на синдикалците по социјалните мрежи.
Денеска во „Тешки муабети“ изјава во живо даде Африм Муча кој истакна дека на социјалните мрежи се изнесени невистини и најави тужба.
– Ми се јавија, ми кажаа, јас го ангажирав и мојот адвокат за ова. Се што е кажано не е точно, немам инкаква врска со господинот Блерим Беџети, никогаш не сум бил кај него, немам ништо со него. Јас имам само 15-годишно дете, ќерка и во неделата ѝ славев роденден.
Јас имам два сина, едниот е во Германија работи, а ќерката ми е 15-годишно дете и другиот син ми е во странство. Го ангажирав адвокатот, од утре тој ќе настапи. Кој го пишува ова лично ќе добие тужба.
Јас само ги бранам и барам правата на сите вработени, ништо друго. Никогаш не сум бил член на партија, јас сум синдикалец и не сакам да членувам во партија. Нека бараат кај сакаат, тоа не е вистина. Јас сум чист вака и пред Господ, истакна Африм Муча.
Слушнете ја изјавата во живо а „Тешки муабети“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…
По повод големиот јубилеј, 100 години од…
(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…
На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…
(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…
Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…
Ѓорѓиевски: Скопје се гради, Македонија се движи…
Ги решивме имотно-правните пречки кај клучката „Момин…