(ВИДЕО) Балканец ги пресметал трошоците за живот во Германија

t

На YouTube е објавено видео за тоа колку чини да се живее во Германија, а сето тоа се базира на лично искуство од живеењето во таа земја.

Во него се зборува за трошоците на четиричлено семејство, во кое заедно работат тој и неговата сопруга.

Направил список на сите месечни приходи и расходи, а вклучил и дополнителни трошоци како цигари.

– Ако работат мажот и жената, месечно заработуваат околу 4.500 евра. Зедов просек, секако има брачни парови кои заработуваат повеќе. Ако се на повисока позиција, во силна компанија, како што е Бош, тогаш имаат пет и пол илјади евра, но има и такви што заработуваат помалку, па тоа е добар просек. Детскиот додаток за две деца изнесува 440 евра, така што приходите на просечното домаќинство се вкупно 4940 евра – вели тој.

Тој објасни дека за изнајмување стан мора да се издвојат околу 1.200 евра, додека комуналиите чинат околу 250 евра. Месечниот надоместок за храна е околу илјада евра.

Зборуваше и за цигарите.

– Кутија од 20 цигари чини осум евра, ако ги купувате секој ден ќе потрошите 240 евра месечно или 480 евра ако има двајца пушачи во семејството. Тогаш сте во минус и треба да барате дополнителна работа за тој трошок – вели тој.

За да одите на годишен одмор треба секој месец да издвојувате околу 500 евра за да заштедите доволно, но тврди и дека пензијата може да биде многу добра во Германија и дека можете да заработите со продажба на стан или инвестирање во животно осигурување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скандал во САД: ФБИ ја претресува куќата…

ФБИ изврши рација во домот на поранешниот…

Британската метеоролошка служба предупредува: 2027 година ќе…

Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо,…

Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови…

Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје…

Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…

Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом…

На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското…