Објавено на:

(Видео) Бајден нема намера да ѝ се извинува на Кина: Ќе ги соборам сите летала кои ја загрозуваат американската безбедност

t

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека американската војска ќе собори секој иден летечки објект што ја загрозува безбедноста на САД и додаде дека за тоа нема никому да се извинува.

Во своето прво обраќање за наводниот кинески шпионски балон и неидентификувани објекти соборени над Северна Америка, Бајден рече дека се уште не е позната точната цел на балоните, но дека „во моментов нема индикации дека тие се дел од кинеската шпионска програма“, ниту дека извидувачките објекти се од која било друга земја.

„Не се сомневајте, доколку некој објект претставува закана за безбедноста на американскиот народ, ќе биде соборен“, рече Бајден и додаде дека очекува да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг, велејќи дека САД не бараат нова студена војна, туку „натпревар“ со Кина и со другите светски сили.

„Не започнуваме нова студена војна, но нема да се извинувам. Ќе продолжиме да се натпреваруваме (со Кина) и ќе бидеме одговорни за конкуренцијата да не се претвори во конфликт“, објасни Бајден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Познато е кој ја уби демократската претставничка…

Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…

Минесота е во шок откако државната претставничка…