(Видео) Белград парализиран од снегот: Снежна покривна до 30 сантиметри!
Снегот во овој период од годината ја изненади цела Србија, особено затоа што пред само 10 дена температурите на повеќе места во регионот достигнаа речиси 30 степени. Во поголемиот дел од земјата е активиран жолт метео аларм, портокалов аларм е вклучен во Срем, Белград и Поморавље, а црвен во западна и југозападна Србија и Шумадија, пишува српска „Нова“.
Поинтензивни врнежи од снег се очекуваат претпладне и попладне – во пониските предели на југозападна, западна и централна Србија и се очекува да се создаде снежна покривка висока 10 до 30 сантиметри во пониските предели, а на планините до 50 сантиметри нова.
Во другите региони засега има помала снежна покривка.
Во српската метропола за денеска се најавени врнежи од снег со создавање на снежна покривка со вкупна висина од 10 до 20 сантиметри, а градот утрово е буквално парализиран од снегот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…
Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…
(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…
Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…
Претставници на новата управа на ТВ Нова,…
Саичиќ: Вечерва славиме победа, од утре градиме…
Кандидатот за пратеник во Собранието на Србија…
Студентската листа води на изборите во Србија…
Студентската листа е победник на предвремените парламентарни…