Објавено на:

(Видео) Белите патики на Рама предизвикаа критики на Самитот на НАТО

t

Освен безбедносните теми и војната во Украина, на Самитот на НАТО во Анкара внимание привлече и изгледот на дел од државните лидери, откако експерти за протокол ги анализираа нивните модни избори.

Најмногу реакции предизвика албанскиот премиер Еди Рама, кој на средбата на лидерите се појави во темносин костум, но наместо класични чевли носеше впечатливи бели патики.

Експертите за протокол оценија дека ваквиот избор на обувки не е соодветен за настан од највисок државен ранг. Иако дел од јавноста неговиот стил го поврза со минатото на Рама како професионален кошаркар, познавачите на дипломатскиот протокол сметаат дека тоа не може да биде оправдување.

Покрај Рама, критики доби и словачкиот претседател Петер Пелегрини. Според експертите, додека седел со прекрстени нозе, му се гледала голата потколеница над чорапите, што се смета за пропуст во машкиот протокол за свечени и државнички настани.

Чешкиот експерт за протокол Ладислав Шпачек оцени дека ваквите детали оставаат лош впечаток и не се во согласност со правилата на официјалниот дипломатски бонтон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови руски напади ги нарушија интернет и…

Продолжуваат целенасочените руски напади врз клучните точки…

Швајцарците одлучуваат дали ќе останат неутрални

Швајцарските граѓани на референдум ќе одлучат дали…

ВМРО-ДПМНЕ: „На Филипче ништо не му чини…

Венко не може да ги обвинува сите…

Петровска: Нема да чекаме повик. ќе доставиме…

Една изборна единица и отворени листи е…

Сиљановска Давкова ја одликуваше светската научничка по…

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска на…