(Видео) Бетмен велиТ – Вонредна емисија пред доаѓањето на Петков

t

Богдан Илиевски, во најновото издание на Бетмен велиТ, во пресрет на утрешото доаѓање на новиот бугарски премиер Кирил Петков во Македонија и објаснување на неговите ставови во врска со Македонија и македонскиот народ,
им се обрати на сите освен на оние кои молчат пред дискриминацијата на македонците насекаде низ светот.

Вчера Петков даде интервју за бугарската БТВ во која ги објасни повторно и малку проширено бугарските позиции со кои ќе дојде во Скопје. И бидејќи сме тука за да читаме меѓу редови, одиме веднаш со анализа на кажаното од Петков.

Ова сум го објаснил неколку пати досега, но имајќи предвид дека споро памтиме и брзо забораваме, еве уште еднаш. Петков се фали постојано дека ја надградил позицијата на Бугарија и освен за историјата, сега ќе се направеле уште неколку работни групи во кои Бугарија има за цел да покаже конструктивност, дека не е кочничарот и лошиот сосед на Македонија, туку напротив, добриот сосед кој ќе нуди проекти за желесничка линија, авионска линија и што ти уште не, за на крај вината за неуспехот во историските комисии во кои се уништува македонскиот идентитет да ја префрли на Македонија. Она што е ново е што во последното интервју на Петков го снема рокот од 6 месеци кој го зададе откако ја презеде премиерската функција, и за кој и Бујар Османи и Стево Пендаровски трагично коментираа дека бил предолг рок.

Не е баш најјасен Петков, но и не може да биде кога пред месец дена кажа рок од 6 месеци, сега го откажа, па рече дека тоа бил рок во кој работните групи… требало да работат? А што би правеле работни групи ако не работат?
И за што е тој рок, со што е поврзан? Што ако работат? Што ако не работат? Нејсе, оваа нелогичност не е единствената и најважната. Новинарката директно го прашува со какви позиции патува во Скопје.

Време е да ги засучиме ракавите. Како тоа чесно и искрено звучи. Ама ние немаме ракави, немаме ни куси ракави. После промената на името имаме рамбовка, пардон извини Рамбо, имаме синдикалка со која се гордееме и перчиме.
Немаме ракави за засукување, бидејќи постоењето или не на железничка пруга меѓу Софија и Скопје нема ама баш никаква врска со нашата евроинтеграција, туку е само маска за да се затскрие шовинистичкиот пристап кон нашиот идентитет, бетониран и во бугарската декларација усвоена од парламентот во која стои дека пред 45-та година не постоеле македонци и македонски јазик. Оваа позиција сега е и проширена затоа што овие добри соседи имаат и барање по однос на македонските Бугари, луѓе кои имаат македонско државјаснтво, а се чувствуваат како Бугари. Околу нивната бројност ги чекаме резултатите од пописот, но на едни од изборите во Бугарија од минатата година во Македонија биле пријавени да гласаат 350 луѓе. Тоа не е причина Бугарија да не не’ условува со признавање на некакви си права кои ги немале…

Секој граѓанин на ЕУ не смее да се чувствува дискриминирано, вели Петков. Но, ова не важи за граѓаните на ЕУ кои живеат во Бугарија, но се чувствуваат за Македонци. Тие не постојат за Бугарија, пресудите за ОМО Илинден Пирин од ЕСЧП се игнорирани од Бугарија и оваа тема е забранета. И бидејќи не постојат – не може да бидат ни дискриминирани. Баш европски. А во исто време ќе измислуваат некаква си дискриминација на македонските Бугари тука во Македонија – а баш на 13-ти јануари најслободно 20-тина души на кејот на Вардар во центарот на Скопје ја чествуваа Мара Бунева, веејќи знамиња на Цар Борис, првиот човек на бугарскиот фашистички окупатор од втората светска војна, соработникот на фашистите и нацистите Адолф Хитлер и Бенито Мусолини со помош на кои ја окупира Македонија.

Не видов дека некој ги попречи во чествувањето на Мара Бунева веејќи знамиња на фашисти и нацисти. Таква е оваа наша дискриминација, против која се бори Бугарија. А веројатно самото потсетување на фактот дека Цар Борис бил другарче на Хитлер и Мусолини може да го сфатат како дискриминација. Но, тоа е историски факт.

Ураа, урааа! Треба веројатно така да викаме и ние за окупирањето на македонија од нацистите и фашистите, за да не речат комшииве дека вршиме дискриминација. Иако во центарот на Cкопје, повторувам, се случи ова.
Еве слика од македонските Бугари, веројатно, претпоставувам дека овие 20 души се дел од тие 350 кои се пријавиле да гласаат на бугарските избори.

Еве детаљ на знамето кое го вееле најслободно на 13-ти јануари оваа година во центарот на главниот град на Македонија.

Еве и поголема слика на царот Борис, како има работна средба и срдечен поздрав со неговиот колега Адолф Хитлер.

И веејќи вакви знамиња најслободно низ центарот на Скопје никој не ги пипнал со прст, едвај неколку медиуми го забележаа ова. И повторно ни зборат дека се вршела дискриминација. Веројатно треба да им викаме УРАА на оние кои ги слават фашистите за да не се каже дека ги дискриминираме. Така некако му доаѓа.

Назад на интервјуто, Кирил Петков е прашан како ќе ги штити правата на македонските Бугари. Еве го и одговорот.

Cекогаш е правилен моментот да се бара промена на македонскиот устав за да се запишеле македонските Бугари. Посебна уставна заштита треба за луѓето кои ги поддржуваат активностите на Хитлер и Цар Борис, со посебен уставен акт да се заштитат. Нашиот устав е како резервен дел на голф тројка, секогаш спремен за промена. Зошто тоа го најавуваат добрите соседи, оваа промена која ја бараат? Ќе објаснам малку подоцна. Сега е време за уште малку трагикомедија.


Повелете, погледнете и слушнете на какви компромиси е спремна Бугарија додека ни става вето затоа што не се согласуваме дека дедовците ни биле Бугари и не измислил Тито во 1945та година.

Дури и новинарката го гледа зачудено и му вели „човече, каков бре компромис е тој“.

Авинска линија ќе финансирале од Софија до Скопје. И тоа е компромисот кој ќе го направеле, додека од нас се бара компромис да се пишеме дека сме со бугарско потекло и македонскиот јазиик е дијалект на бугарскиот. Нивниот компромис е финансирање на авионска линија, нашиот компромис е уништување на нашиот идентитет.

Не знам дали човеков се заебава со нас, или стварон таков впечаток им оставиле од нашава влада. Дека компромис од Софија ќе бил финансирање на авионска линија, за сметка на кој од нас се бара да се откажеме од самите себе. Мислам, знам дека се сликаа по авиончиња нашиве големи лидери, ама ова е прелудо за да е вистинито. Сепак, вистинито е и кажано е од новиот бугарски премиер, дека историската комисија треба да си ја заврши работата, а тој и Ковачевски не треба да се мешаат.

Така е, историската комисија треба да си ја заврши работата. Ти и Ковачевски ќе летате авиончиња, сите ќе се радуваме и ќе сме пресреќни. И од тие авиончиња, како на времето, ќе може да се фрлаат летоци на кои ќе пишува дека всичките сме балгари и сме един народ. И пред да одиме на најважното прашање кое го доби петков на ова интервју во врска со Македонија, ајде мало потсетување на прес-конференцијата на претседателот Румен Радев до кој стоеше Кирил Петков, после советот за безбедност на тема Македонија.

Прво не е точно дека во нашиот устав не се наведени и македонските Бугари. Наведени се и македонските Бугари и македонските Финци, Корејци, Нигеријци, Исланѓани, Џедаи и сите останати. Како вели Уставот: Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи бошњаци и сите останати. Не вели „сите останати освен македонските Бугари“. Не може за секои 300-500-1000 луѓе да менуваме устав. Замислете навивачите на Челзи, кои се сигурно 10.000 во Македонија да побараат да влезат во уставот. Или оние кои веруваат дека земјата е рамна, или дека Ковачевски не е наместен од Заев. Апсурд, нели. Но, друга е играта тука со барањето за промена на Уставот, нели, бар до толку разбираме 🙂

Така, така. За правата на македонските Бугари не може да се преговара, мора да се почитуваат. А за правата на бугарските Македонци исто така… не може да се преговара. Тие не постојат. Јасно е досега? Ако е јасно, да одиме сега на Кирил Петков и најважното прашање и одговор од вчерашното интервју пред посетата на Македонија.

Ууу, тврокорен став заземале. Не постојат Македонци во Бугарија. Не постоеле и во Македонија, сега постојат ама ги измислил Тито. Тоа е ставот. Да објаснам зошто е тоа така. Доколку по било кој начин Бугарија признае дека има Македонци во Бугарија, пропаѓа теоријата дека сме биле един народ. Со забраната за дискусија на оваа тема сакаат да го затворат тоа прашање. А со инсистирањето дека кај нас има македонски Бугари си ја поткрепуваат тезата дека пред 44 година сме биле еден народ, после Тито измислил Македонци за инает на Бугарите, но ете има група која треба да се запише и во уставот, која ги зачувала спомените пред 1944 година. Затоа кај нас мора да се зборува за нивните права, а кај нив никако не може да се зборува за нашите права. Бидејќи ние немаме права. Освен правото да ги слушаме и да молчиме, дури и кога луѓето за кои се загрижени веат знамиња со фашисти среде Скопје. Зошто? Бидејќи ние сме биле земја аспирант за ЕУ, а тие нашите браќа, ќе не уценуваат и условуваат од голема љубов кон нас.

И ова ќе беше чист идиотизам од една страна, доколку во нашиот политички прајм-тајм не се појавуваа вакви појави кои де ја оправаат правосудната власт, де сега ќе ги оправале евро-интеграциите, а на прашањето за отворената негација на малцинствата кај соседите, за непочитувањето а пресуди од Европските судови во корист на Македонците од Бугарија, реагираат вака.

„Не е наше, на Северна Македонија да кажува кој какво малцинство има во регионот. Тоа е внатрешно прашање на сите држави во регионот, вклучувајќи ја и Бугарија“, изјави денес Маричиќ.

Така де, не е наше да кажуваме дали постојат Македонци, тоа комисиите за историја ќе го одлучат.

Еј, не научивме и не научивме дека се додека сме подлизурковци со свиткана кичма, политиката на Заев која ја презема и оваа влада, комшиите ќе не толчат – дури и да не сакаат толку многу, ќе не толкат бидејќи им се може. Ете, успеавме и од човекот од Харвард, Кирил Петков да направиме службеник или службаш, не сум сигурен како е правилно, на хегемонистичките ставови од истокот по однос на македонскиот идентитет.
И тоа е уште еден голем успех на Ковачевски и Маричиќ, новите Заев и Димитров.

Што, не го гледавте Ковачевски, рационалниот оптимист што изјави денес за Македонците во Бугарија? Не ви го ни пуштам. Секако ќе го погледнете утре. Но имајте предвид, тој не е само предобар човек кој бележи вакви големи успесии, туку има и лоша црта. Темна страна на карактерот! Имено, киднапирал свој сограѓанин, замислете и против неговата волјла го држи во владата, не го пушта…

Јас понудив друг кој ќе раководи со министерството за внатрешни работи, така да…“, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Ете, Оливер Спасовски срдечно понудил да има друг човек на чело на МВР во владата на Заев односно Ковачевски односно Заев, но тоа не било одобрено од новиот премиер. Човекот би спремен да не е министер,
знаете ли вие какво откажување е тоа? Но Ковачевски немал слух. Зошто? Што знам. Одете во Софија и пробајте да веете знаме „Во Македонија нема Бугари, само Македонци“. Па видете што ќе ви се случи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца Бетмени во новиот филм на HBO:…

Ајвори Акино е избрана за толкување на…