Објавено на:

(Видео) Бизарна сцена во Бања Лука: Татко го врзал синот за бандера

t

Во бањалучката населба Лауш, денес е уапсен маж под сомнение за семејно насилство, откако граѓани пријавиле вознемирувачки инцидент во кој тој го врзал својот син за бандера, пренесува Кликс.ба.

Според информациите, минувачи биле сведоци на настанот и ја информирале полицијата, а полициски службеници набрзо интервенирале на местото на инцидентот.

На социјалните мрежи се појави видео од настанот, каде што може да се види млад човек врзан за столб, а набрзо полицијата се појавила и го ослободила.

На видеото се гледа и маж, за кој се претпоставува дека е таткото на младиот човек, како се расправа со полицајците.

АТВ наведува дека станува збор за татко и син.

Видеото погледнете го тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелските медиуми со различни резултати од излезните…

Партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху…

ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно вечерва на смена е Фрчковски,…

Очигледно вечерва во СДС на смена е…

Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…

Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…

Песков: Путин и Трамп не разговарале за…

Претседателите на Русија и на Соединетите Американски…

Нетанјаху предупреди дека „му ја крадат победата“:…

На денот на парламентарните избори, израелскиот премиер…