(Видео) Би-Би-Си го “нокаутираше” Петков: Барате права за Бугарите, а не им ги давате истите на Македонците

t

Во интервју за Би-Би-Си, бугарскиот премиер Кирил Петков го обегна новинарското прашање поврзано со Македонсите во Бугарија и нивните права.

„Да бидеме искрени, и етничките Македонци ги немаат тие права во Бугарија. Всушност, Европскиот суд за човекови права имаше повеќе случаи по таа основа отколку за Бугарите во Македонија. Тука се наоѓате на лизгав терен“, му кажа британскиот новинар Стивен Сакур на бугарскиот премиер Кирил Петков при неговото гостување во популарната емисија „Хардток“ на „Би-Би-Си“ .

Сакур реагираше на тврдењето на Петков дека Бугарите немаат законски права во Македонија, и го потсети на бројните пресуди на Европскиот суд за човекови права во врска со македонското малцинство во Бугарија.

Но Петков не одговори на оваа забелешка, туку продолжи дека со македонскиот премиер Димитар Ковачевски се согласиле оти „Бугарите во Македонија треба да ги имаат истите законски права како сите останати народи кои живеат таму, но прашање е како да се добие поддршка од јавноста за тоа“.

„Со премиерот на Северна Македонија целосно се согласивме дека Бугарите би требало да ги имаат истите законски права како и сите Македонци и други народи, како Албанците. Прашање е како да стигнеме дотаму“, кажа Петков.

Петков потврди дека сака да ја види Македонија во Европската Унија, но и нагласи дека претходно треба да се решат некои проблеми, не само историски, на кои многумина се фокусираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…

(Видео) Јакимовски: ЕУ да најде начин како…

Претпоследно прашање пред влез во ЕУ ќе…

УЖАС: 12-годишно момче застрела 2-годишно дете во…

Со куршум од воздушна пушка во Враца,…

Македонија и Бугарија имаат најмали цени на…

Сезоната на пролетните одмори е пред нас…