(Видео) Бомба пред изборите – постои договор помеѓу АХМЕТИ И ТАРАВАРИ: ВРЕДИ и ДУИ не влегуваат во Влада која нема да прави уставни промени

t

ДУИ и коалицијата „Вреди“ односно албанската опозиција, имаат постигнато како што го нарекоа тие „џенталментски договор“. Тоа означува дека нема да прават Влада со партија или коалиција која нема да поддржи уставни промени.

„Сигурно г. Ахмети ви кажал, ние имаме џентлменски договор, „Вреди„ и ДУИ дека не влегуваме во Влада која не прави уставни промени, џентлменски договор“, вели Таравари.

Кандидатот за претседател од Европскиот фронт, Бујар Османи синоќа во првата „Претседателската дебата“ на ТВ21 порача дека тој гарантира, ако се исполнат условите, никој нема да може да ја блокира земјата и да поставува нови услови.

„Уставни промени во текот на 2024 година, отворање на поглавјата во текот на 2024 година, затворање на поглавјата до крајот на 2028 година и 2029/30 да се користат за ратификација на договорот за членство, 2030 година да седнеме на маса како 28 земја-членка на ЕУ. Мислам дека може, прозорецот на можноста е тука, топката е кај нас, дали ќе можеме да ги порачаме нашите обврски кои ги преземавме во овој процес. Ви гарантирам дека ако ние ги исполниме задачите кои ги преземавме, нема да може ни Бугарија, ни Грција, никој нема да може да го блокира членството. Или да постави нови услови. Или да постави нови услови бидејќи преговарачката рамка ги определува услови, што има внатре како бенчмарк за отворање на поглавја или интерим бенчмарк за продолжување“, порача Османи.

Зборувајќи за своите програми, Таравари посочи дека првиот чекор како иден претседател, односно првото патување треба да биде за Брисел од каде ќе се бара од високите претставници на ЕУ да нема други услови за Македонија освен последниот како што се уставните измени.

„И со ова да се вратиме во Македонија и мандатарот на кој му се дава мандат за формирање на влада да му се бара динамика со рокови за спроведување на уставните измени. Не велам за месец, два или три туку да не биде повеќе од шест месеци со цел ова да заврши и Македонија да ги продолжи преговорите со ЕУ. Кога го отвораме Уставот секако дека треба да ги преговараме уште неколку нешта“, порача Таравари.

Тој додава дека во неколку наврати кажал дека тука треба да се стави и условот на повлекување на ограничувањето на употребата на албанскиот јазик со број 20 или 20%.

Кандидатот Османи посочи дека овие избори се народен референдум за тоа каква држава сакаме.

„Овие избори се специфични, не се обични како бирање меѓу мене, г. Таравари или другите пет кандидати, туку е одлука на граѓаните каква држава и каква иднина сакаме. Бидејќи се наоѓаме пред две патишта, едниот овозможува бериќетна европска иднина и друг пат кој не носи во изолација, без перспектива и нејасност. Овие избори се народен референдум за тоа каква иднина сакаме, се наоѓаме на овој крстопат кој ќе ја определи судбината на луѓето кај нас. Јас овој пат на европска и евро-атлантска интеграција на земјата го почнав пред неколку години, отворив многу интеграциски процеси, раководејќи ги главните интеграциски договори и сакам во улога на претседател да го заокружам најголемиот сон на нашите граѓани односно интеграција во ЕУ.“, вели Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев во “сто кец” пикап ги повика…

Димитар Апасиев претседателот на Левица кој е…

(Фото) Работниците се дигнаа пред Собрание –…

Работниците во голем број се дигнаа на…

Европските банки платиле три пати повеќе даноци…

Европските банки платиле три пати повеќе даноци…

Бугарија гради база за прифаќање на авионите…

Министерството за одбрана на Бугарија е под…

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ja…

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја…