(Видео) Борба на Македонците за шопинг и добра храна во Врање!

t

Македонските граѓани вчера буквално го опседнаа Врање.

По улиците и паркинзите можеа да се видат само македонски автомобили, а ги имаше од цела Македонија, од Скопје, Велес, Битола, Гостивар, Тетово, Струмица. Продавниците преполни. Се купуваше се и сешто, иако цените не се нешто пониски од оние во нашите маркети. Слободно може да се рече дека нашиот низок стандард не може веќе да ги „поднесе“ ниту српките цени. Сепак тоа не беше пречка кафеаните да се пребукирани од Македонци.

Во некои кафеани се редеа редици од луѓе кои чекаа некој да стане за да „фатат“ место, за да ручаат. И така Денот на револуционерната борба нашите граѓани го искористија максимално да се изборат за добар шопинг и добар ручек во Врање.

https://www.facebook.com/watch/?v=1356064921677229

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на…

Драма на небото над Србија: Воени ловци…

Вистинска безбедносна тревога денеска се случила во…

ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН АМЕРИКАНСКИ НУКЛЕАРЕН…

Иранските власти започнале со дистрибуција на таблети…

Муцунски: Дијалогот што го водиме со Софија…

Дијалогот што во моментов се води околу…