(Видео) Боцевски открива како стојат работите: 3аев, Бучковски, и Османи на маса го ставија идентитетот, не му верувам ни на Ковачевски
Никола Димитров ги отвори картите – „нема никакви дилеми дека Македонија премногу и ветила на Бугарија надевајќи се дека ќе го реши спорот – се колнеа и во македонската жица, се колнеа и за уставното име – сепак го променија“. Познавачите алармираат, Македонија се однесува како поразена и таа политика ќе продолжи ако се земе предвид дека Бујар Османи останува во владата на Ковачевски како шеф на македонската дипломатија. Не стивнуваат реакциите по обвинувањата на Никола Димитров, дека Османи сака успех, по секоја цена, пренесува Алфа.
Немам никакви дилеми дека Заев и Бучковски, и Османи јасно кажа дека на маса за преговори се идентитетот, јазикот, ниту на Ковачевски не му верувам дека идентитетот и јазикот, дека не се на маса за преговори. Добро се сеќаваме на разговорите за македонската жица, кога Заев уверуваше дека на маса не е уставното име а сепак беше променето. Цло време ја спореа резолуцијата, цлеиот тој оркенстар што свири околу Заев, ги спори точките од Резовлуцијата, дека тој документ не ограничува, така што, тие ја подгвтвуваат јавноста, и тие се подготвени да влезат во преговори за најсветите нешта на еден народ – вели поранешниот амбасадор Ивица Боцевски.
Оној што треба да ги брани позициите на Македонија, постојано зборува за предлозите на другите земји членки на ЕУ, кои според поранешниот амбасадор Ристо Никовски, се тотално спротивни на Резолуцијата за заштита на црвените линии изгласана во Собранието.
Тоа што останува Османи во владата е грешка на владата. Нашиот министер кој треба да ги брани позициите на Македонија, тој зборува дека предлогот на Германија, па на Холандија, сега очекуваме француски предлог. Сите тие предлози се контра резолуцијата во Собранието. Ако не дојде до серозни промени во македонската политика, и поништување на Договорот со Бугарија, не можеме да очекуваме членство во ЕУ – вели поранешниот амбасадор Ристо Никовски.
Вицепремиерот во заминување Димитров, по цели пет години следење на политиките на Заев, вчера ја изненади јавноста кога откри дека не се согласувал со неговите колеги околу ставот за Бугарија, но и дека ќе ги бранел нациноналните интереси по секоја цена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гласање или специјална операцијa
Ете, гласавме против СДС корумпирано и распаднато…
На денешен ден Заев и Димитров беа…
На денешен ден пред 6 години тогашниот…
Бугарски бесрамности и македонски ќор-сокаци: Политичари аматери…
БУГАРСКИ БЕСРАМНОСТИ И МАКЕДОНСКИ ЌОР - СОКАЦИ…
Никовски: Украина носи несогледливи последици за сите…
УКРАИНА НОСИ НЕСОГЛЕДЛИВИ ПОСЛЕДИЦИ ЗА СИТЕ Се…
Трифун Костовски: Институциите не ги штитат граѓаните…
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА, ЖРТВА НА ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ ВО…