(Видео) БРАВО! Црвена младина го отстрани транспарентот “Македонија е бугарска” во Благоевград!!!
ЦРВЕНА МЛАДИНА ГО ОТСТРАНИ И ФРЛИ ТРАНСПАРЕНТОТ ВО БЛАГОЕВГРАД НА КОЈ ПИШУВАШЕ „МАКЕДОНИЈА Е БУГАРСКА” – информираат од политичката партија Левица преку објава на Фејсбук.
– На денешното отварање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров” во Благоевград, осамна транспаранет поставен од бугарски шовинисти на кој пишуваше „Македонија е Бугарска”, кој очигледно служеше за провокација и навреда.
Нашите активисти кои денес беа присутни во Благоевград веднаш реагираа, го отстранија и фрлија навредливиот транспарент.
Остро го осудуваме ваквиот чин кој воопшто не доликува на земја членка на ЕУ која треба наводно да гаи европски а не фашистички вредности, и порачуваме дека и во иднина ќе продолжиме да ги негуваме нашите асномски идеали и нема да дозволиме омаловажување и релативизирање на истите.
Да живее Македонија!
Да живее АСНОМ! – напишаа од Левица.
ЛИНК од видеото
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борисов: Бугарија се претвора во „пиратска држава“…
Лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов,…
Бугарија и Романија одбележуваат 20 години од…
Дваесетгодишнината од пристапувањето на Бугарија и Романија…
Бугарија спаси две руски банки од санкциите…
Бугарија побара од Европската Унија да ги…
Бугарија не сака да ѝ дава повеќе…
Европа мора активно да учествува во преговорите…
НАТО го засили воздушното набљудување над Бугарија…
Авионите за рано радиолокациско откривање и контрола…