(Видео) Брат на ѕвезда од НФЛ убил противнички тренер – среде меч

t

Ужасна снимка доаѓа од САД каде што на меч од младинската лига во американски фудбал брутално бил убиен тренерот на една од екипите, Мајк Хикмон.

На видеото може да се види како за време на средбата повеќе луѓе од трибините влегуваат на теренот, по што доаѓа до голема гужва и се слуша истрел. Тоа донесе хаос и стампедо на преплашени луѓе, додека смртно ранетиот Хикмон остана да лежи на тревата.

Лекарската екипа веднаш втрча да му помогне на настраданиот, но само констатираа смрт по пристигнувањето во болница. Обвинет за убиството е Јакуб Талибо, брат на НФЛ-ѕвездата Акиб Талибо, кој неофицијално бил тренер на противничката екипа.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дизелот соборува рекорди, експертите предупредуваат на можни…

Цените на горивата во Западна Европа продолжуваат…

Јапонија пред каматна стапка невидена три децении…

Една од најнеобичните епохи во светската монетарна…

Хаг ќе одлучува за репарации за жртвите…

Судот во Хаг денеска соопшти дека ќе…

Саудиска Арабија бара излез од енергетската блокада:…

Саудиска Арабија започнува необична операција за одржување…

Фрлил ќеси полни со запалива течност: Маж…

Еден маж денес попладне се обиде да…