(Видео) Британија: Ветер фрла авиони, војската во готовност

t

Британската метеоролошка агенција издаде ретко црвено предупредување за регионот на Лондон и југоисточна Англија поради јаките ветришта кои ги носи бурата Јунис, а на милиони луѓе низ земјата им е кажано да останат дома. Проблеми имаат и авионите со слетувањето.

Во предупредувањето се наведува дека постои опасност по живот и дека се очекуваат значителни нарушувања поради една од најлошите бури која ќе ја погоди Британија во последните неколку децении.

„Бурата Јунис ќе предизвика значителни нарушувања и опасни услови поради исклучително силните ветришта“, соопшти метеоролошката агенција. Повеќе стотици училишта беа вчера затворени, сите возови во Велс беа сопрени, а војската е во готовност.

Колку се силни ударите на ветерот се гледа по авионите кои слетуваа на лондонскиот аеродром Хитроу, а кои ветерот ги носи од една на друга страна.

Метеоролозите објавија дека Јунис донела ветришта со сила од 90 милји на час, што може да предизвика прекини во снабдувањето со струја.

Бурата Јунис е втората која ја погоди Британија во последната недела, откако бурата Дадли зафати делови од Шкотска, северна Англија и Северна Ирска, оставајќи илјадници домови без струја.

Црвените предупредувања за времето се ретки и значат дека покривите може да бидат откорнати, далноводите урнати и дрвја извлечени од корен, како и дека летечките остатоци можат да бидат опасни по живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски: Проширувањето на Европската Унија е стратешка…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Проф. Ачкоска: По лажниот костур на Филип…

„По лажниот костур на Филип II Македонски,…

Академик Стојков за најновиот грчко-бугарски „пазар“: Нема…

Не е научно потврдено дека моштите кои…

„Пулс“: Одржани 49 рочишта, изведени 1.390 материјални…

Од почетокот на судењето за случајот со…

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ПРИЛЕП: Претреси на околу…

Неофицијално, Прилеп од рано утрово е под…