(Видео) Брука невидена: Пратеничка на ВМРО не смее да зборува против двојазичните полициски униформи
Заменик-координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, во гостување во емисијата “Само вистина” на Канал 5 не смееше да зборува против двојазичните полициски униформи.
– Во моментот кога ќе имаме одлуки на одредени министерства ние како опозиција можеме да реагираме, но таквите мерки не носат подобар живот за македонските граѓани. Аок е тоа дел од сите претходни уредби, или не знам ако е согласно со Уставот океј, меѓутоа ако не е во согласност со Уставот не е океј, вели Панова.
Уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата која Владата ја донесе пред една година врз основа на Законот за употреба на јазиците, со која полицијата е обврзана да носи двојазични униформи во главниот град Скопје и во другите општини каде што живеат најмалку 20 отсто граѓани од заедниците, стапи во сила на 25 март годинава.
„Во Градот Скопје, во општините во Градот Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, ознаките на основната униформа се: натпис “ПОЛИЦИЈА” “POLICIA” “POLICE”, натпис “СООБРАЌАЈНА ПОЛИЦИЈА” “POLICIA E TRAFIKUT” “TRAFFIC POLICE”, амблем “ПОЛИЦИЈА” “POLICIA” “POLICE”, амблем “ГРАНИЧНА ПОЛИЦИЈА” “POLICIA KUFITARE” “BORDER POLICE”, амблем во форма на штит со намалени димензии и метална ознака за шапка“, пишува во Уредбата.
Тројазични стануваат и амблемите на единицата за интервентна полиција. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски лани најави дека најдоцна до март годинава униформите на полицајците ќе бидат двојазични – на македонски и на албански јазик.
„Се спроведуваат сите процедури од март 2023 година полициските униформи да бидат на два јазика. Оваа регулатива стапи во сила осмиот ден откако беше донесена и ќе почне да се применува најдоцна една година од влегувањето во сила, поточно најдоцна на 26 март 2023 година“, изјави Спасовски.
Претходно опозициската Левица поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на уредбата со која Владата воведува двојазичност на полициските униформи.
„Сметаме дека ваквата уредба како општ подзаконски акт на владата е во спротивност со Уставот, со други подзаконски акти, со Законот за јазици, Законот за внатрешни работи, како и со Законот за полиција“, соопштија од „Левица“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…
Крајно време е Максим Димитриевски да излезе…
Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство…