(Видео) Брутални промени на учебниците: Македонците кои ќе учат од новите променети учебници по историја ќе имаат сомнеж во сопствената етногенеза!

t

Во денешната епизода на Тешки муабети се зборуваше за промената на учебниците по шесто и седмо одделение.

– Имало податоци кои не соодветствуваат со научната реалност, од МОН сакаат да кажат дека знаат повеќе од овие 5 професори што ги напшале овие книги, кои предаваат и учат деца, а се автори на учебниците, вели Милош Милошевски.

Според Палевски новите генерации Македонци кои ќе учат од овие учебници ќе имаат сомнеж во сопствената етногенеза.

– И Преспанскиот и бугарскиот договор се договори кои се политички договори спротивно на вистината, за меѓународно право нејќам ни да говорам.

Во контекст на ова што го кажа е различната стратегија на западниот и источниот душман, едниот има историска и пред се културна агресија врз нас што е точно напишано во договорот. Бугарите ја моделираат историјата како бугарска, додека Грците ја бришат комплетно антиката, тоа е потврда дека сме дошле како кретени преку Карпатите во средниот век.

Преспа договорот очигледно има големо значење за меѓународната заедница, значи дека старата историја и суштинска историја на македонсиот народ не смее да има никаква дебата, за ова опозицијата нема никаков став, за разлика од крадењето на поновата историја каде опозицијата има фалс став.

Овде се брутални, ќе недостасуваат цели лекции, додека со бугарскиот договор децата ќе учат се ама ќе има црна коцкичка каде му се соопштува дека согласно работата на една комисија тоа баш и не е така и дека се различни фактите.

Значи новите генерации Македонци ќе излагаат шашардисани од час по историја и ќе ги обесхрабрат во националното чувство кога ќе треба да одговараат на оваа лага која за државата претставува вистина.

Сите нови генрации ќе имаат недоверба во сопствената етногенеза и сопствениот народ, значи договорите се поврзани со тоа што Преспа е брутален и руши темел, а бугарскиот договор гради дивоградба, вели Палевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денков бара промена на бугарските учебници по…

Бугарскиот премиер Николај Денков смета дека училишните…

(Видео) Жежов: ВМРО во некои периоди има…

ВМРО особено во периодот 1912-13 година и…

(Видео) Терористичките акции на ВМРО никогаш не…

Во својот Устав, посебно во правилниците стои…

(Видео) Нема пишан доказ кој го разјаснува…

Тешко е да се утврди дали има…

Катастрофа: Од 123 учебници, недостигаат 43, тврди…

„МОН не обезбедиле учебници за секој предмет.…