(Видео) Бугарите и Грците ги сил*ваа нашите мајки: Сведоштво на бегалец од Егејска Македонија – со солзи вели хохштаплери и денес не уништуваат ама ќе им дојде крајот
Инфомакс продолжува со сведоштвата на Македонците од светот, сведоштва кои го потврдуваат вековниот стремеж на Македонецот за македонска држава, но и фактот дека како Македонци нашите предци се декларирале со векови.
Вечерва во интервју за Инфомакс, Фоте Кондов, Македонец од Егејска Македонија, дете бегалец сведочи за маките кои ги преживеал македонскиот народ, за силувањата и ѕверствата, за напалм бомбите за борбата на партизаните и комитите.
Тој вели дека борбата на македонскиот народ продолжува и денес оти и денес има хохштаплери и неранимајковци кои што сакаат да ја уништат Македонија, но како што вели тој ќе им дојде крајот.
Фоте раскажуваше за тоа како на Македонците им било забранувано да го говорат својот мајчин јазик, раскажуваше за како Македонецот бил ограбен и поробен, како мајките и девојките биле силувани и од бугарските и од грчките војници, а ако пружале отпор биле тепани.
Кондов раскажува за борбата на неговиот татко и неговиот дедо како дел од партизанското движење за ослободување на Македонија.
Она што е најинтересно е тоа што Фоте се сеќава дека комитите потоа станале партизани, а нивната борба била иста, борба за Македонија.
И пред цела македонска јавност и пред цел свет, Фоте говори како Македонец, тој вели дека неговите баби и дедовци, мајка и татко сите се декларирале и велеле дека се Македонци и ништо друго.
За Гоце за Јане, за Даме, за Питу слушнал од постарите кои велеле дека тие се големи борци за Македонија и етнички Македонци.
Ниту една историска комисија или политичка одлука не може да го избрише ова сведоштво кое вечно ќе остане како мал доприност во борбата за Македонија.
Погледнете:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доаѓа невреме во Македонија
Во нашата Република Македонија се до петок…
Што се случува во РЕК Битола, врие…
Во моментов огромно полициско присуство има во…
Откако цела Македонија ги виде заканите кон…
Дел од родителите на починатите во трагедијата…
Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…
Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…
Koстадинов за ДПМНЕ: Нема отпор, нема храброст…
КАДЕ Е ПАТРИОТИЗМОТ, ВМРО-ДПМНЕ?! На вашата “патриотска”…