(Видео) Бугарскиот договор АУТ! Јакимовски открива што би направил кога би бил премиер

t

Во вчерашната епизода на Тешки муабети, Стевчо Јакимовски кажа кои се првите три чекори кои би ги преземал доколку би бил премиер.

– Прво би побарал од сите министри во рок од 15 дена да достават по десет проекти, ако нема идеи да го води министерството нема зошто да седи тука.

Второ мислам дека е неодговорно од нас да придонесот за здравство биде 7% и да здравствениот фонд должи 100 милиони евра и да имаме вакво здравство. Немаше логика кога ги намаливме придонесите на толку ниско ниво, мислам дека би вовел придонес 10% и од 17 на 20% да се качи придонесот за пензиско и инвалидско осигурување. Наместо 1,5% да се зголеми на 2% придонес за осигурување во случај на невработеност, Да се зголеми придонесот, без разлика како си изгубил работа, сам да си дал отказ Владата да те поддржува неколку месеци додека најдеш работа.

Трет чекор, отфрлање на бугарскиот предлог и договор, вели Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна

Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…

Град Скопје ќе додели средства за сите…

Советот на Град Скопје на денешната седница…

Јакимовски со барање до надлежните распустот да…

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…