Објавено на:

(Видео) Бугарски академик: Санстефанска Бугарија е само сон, никогаш немала и нема да има шанси да се оствари

t

Санстефанска Бугарија никогаш не можела да се случи, тој договор е само внатрешно-политички инструмент на Руската Империја, вели бугарскиот академик, професор по историја, Димитар Атанасов во гостување во македонската програма на Ицо Најдовски – Перин во Мелбурн.

– Санстефанска Бугарија е само сон на одредени класи, тие граници и покрај сите војни што се воделе за тоа, невозможно е да бидат граници на современата бугарска држава. Практикаѕта на создавање на државите на Балканот едноставно не е таква, вели Атанасов.

Во доцниот 18 и 19 век не само што национализмот е полезен и државен инструмент, треба да признаеме дека без национализам немало да се создадат современите држави на Балканот, вклучително и Македонија.

Македонската држава исто така почнува да се создава во деветнаесеттиот век, тогаш се еманципирале заробените народи во Османлиската Империја. Денеска мора да сфатиме и признаеме дека нема повеќе што да делиме, се е распределено и ние сме се согласиле дека државните граници кои ги имаме се конечни, вели Атанасов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…

Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…

Интензитетот на нападите во Црното Море се…

(Видео) Голем протест во Софија по хибридните…

Стотици луѓе протестираа во четвртокот вечерта во…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…

Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…