(Видео) Бугарски портали: Македонските полицајци го тепаа бугарскиот пратеник Георгиев

t

На граничниот премин меѓу Бугарија и Македонија – Гуешево-Деве баир македонските полицајци му се заканувале и го тепале пратеникот на „Вазраждане“ Ангел Георгиев, а со него биле и бугарски државјани, пишуваат бугарските портали.

Како што пишува бугарскиот портал „24 Часа“, бугарски државјани подолго време биле задржани на граничните пунктови за Македонија. Денеска многу луѓе патуваат поради 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Но, македонските власти долго време не ги пуштаа автомобилите со образложение дека имаат проблем со системот.

Бугарските портали објавија и видео преземено од фејсбук профилот на Георгиев, кој покажува автомобили наредени, кои со часови чекаат да ја поминат границата.

Во видеото се слуша како маж вика кон граничарите дека македонските власти привеле маж од автомобил кој чекал на граница.

„Зошто го внесовте, зошто го правите ова“, им викал човекот на граничарите. После тоа започнал судир меѓу македонските граничари и Бугарите.

Пратеникот од „Вазраждане“ пред две недели стана татко. Од прес центарот на партијата засега нема информации за неговата состојба, пишува бугарскиот портал „24 Часа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…

Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…

Мерц се закани дека ќе го блокира…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…

Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…

Русија и Украина со добра волја пристапуваат…

Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…

Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…