(Видео) Бурна вечер на Косово: Медиумите пренесуваат за претстрелки помеѓу Србите и косовската полиција
Србите што протестираат поради апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ сѐ уште се на барикадите. Северот на Косово е блокиран и од косовската полиција, а преку премините Брњак и Јариње не може да се помине ниту пеш.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги повика Србите на северот на Косово и Метохија да бидат сталожени и мирни и да не подлегнуваат на провокации. Основните и средните училишта во северниот дел денеска нема да работат.
Албанските медиуми јавуваат за вооружени судири меѓу полицијата и „криминалните групи“ (Срби) околу Звечани.
Велат дека од 02:10 часот има континуирано пукање.
Репортерот на ТВ Прва утрово јавува дека Србите сѐ уште се на барикадите во Рударе, а ситуацијата е мирна.
Според него, во Рударе синоќа имало голем број граѓани, сега ги има малку помалку, но тие сѐ уште се таму, под шатори и во автомобили паркирани покрај коловозот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонка во Австралија ја уби 85 годишната…
Македонката Милена Богојевска (51) е осудена во…
Македонија со европско сребро, Ана Бергер со…
Македонија е европски вицешампион во параглајдинг, а…
Зеленски ги санкционира руските креатори на цртаниот…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша указ со…
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…