(Видео) Бomба вештачење во „Плацеви на Водно“: Heма никаква уплата од Никола Груевски во инкриминиpaниот период – случајот се pacтури како кула од карти

t

Едно вештачење го урниса како кула од карти целиот случај на обвинителката Лиле Стефанова, случајот „Плацеви на Водно“, a на обвинителката од Радовиш и останаа само рекла-казала сведочењата на компромитирани сведоци кои дел се во затвор, а за дел се чуваат кривични пријави во фијока.

На денешното рочиште сведочење професионален вештак стручен за областа кој изнесе стручен наод за финасиската документација на јавното обвинителство.

-Денес одбраната на обвинетиот Ненад Јосифовиќ го изнесе единствениот материјален доказ кој го предложи во оваа постапка, а тоа е стручниот наод и мислење од лице овластено од таа област да врши вештачење на документација прибавена од јавното обвинителство по пат на меѓународна правна помош, вели во изјава за Инфомакс адвокатката на обвинетиот Ненад Јосифовиќ, Гордана Гацева.

Според неа ваквото вештачење требало да го побара обвинителството, но поради непознати причини не го сториле тоа.

-Јас во воведот истакнав дека вакво вештачење беше упатно да направи обвинителството бидејќи станува збор за финансиски трансакции, но бидејќи тоа не се случи одбраната на обвинетиот Ненад Јосифовиќ тоа го стори и денес тоа го презентираве во првиот дел од изведувањето доказот, а по паузата ќе продолжиме со истиот исказ, вели таа.

Гацева истакнува дека во периодот за кој обвинителството тврди дека е сторен криминал, нема никаква нелегална уплата на странско правно лице имајќи во предвид дека истата била под засилен мониторинг поради големината на трансферот на средства. Она што е клучно, а го потврдува вештакот е дека Никола Груевски кој е првообвинет во случајот во периодот немал НИКАКВА уплата на тоа странско правно лице!

-Изештајот го покажува она на што ние укажувавме повеќе пати дека во инкриминираниот период според обвинителниот акт нема никаква нелегална уплата на сметката на странското правно лице од Белизе дека сите уплати потекнуваат од редовни трансакции, уредно пријавени под засилен мониторинг бидејќи станува збор за големи износи. Знаете соогласно меѓународниот платен промет секоја уплата на 15 илјади евра подложи на строги механизми на контрола и проверка и најважното прашање кое е содржано во обвинителниот акт покажа дека нема никаква уплата од господинот Никола Груевски во инкриминираниот период, ниту пак од некој субјект кој е на било каков начин поврзан со него, додава таа.

Сето ова значи дека обвинението на Лиле Стефанова за шема за перење на пари според ова вештачење паѓа во вода бидејќи не може да се докаже ниту предикативноста на делото.

-Ние тоа го тврдиме цело време и истакнуваме дека овој доказ не е само од важност за одрбаната на Ненад Јосифовиќ туку е од огромна важност за исходот на целата постапка. Судот ќе го цени овој доказ меѓутоа според нас не се докажа основаност на обвинителниот акт, ниту инкримираноста на дејсвијата што им се стават на товар на Ненад Јосифовиќ и на останатите во овој предмет, истакна Гацева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска најави голема акција за пошумување на…

Градоначалничката на Град Скопје заедно со екипи…

Нова спасувачка акција на Водно

Денеска, доцна попладне, по известување на Единствениот…

Петмина турски државјани евакуирани од Водно –…

ЦУК: Пет лица, турски државјани, изгубени откако…

Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…

КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…