(Видео) „Вагнер“: Ова е руски потполковник, под дејство на алкохол пукаше во нас
Прес – службата на Евгениј Пригожин објави видео од групата „Вагнер“ како го испрашуваат потполковникот Роман Веневитин, командант на 72-та бригада. Веневитин на снимката признава дека наредил разоружување на групата „Вагнер“ за брза акција, пишува „Медуза“.
Тој, според медиумот, потврдува и дека под влијание на алкохол пукал во возилото „Урал“ во кое се наоѓале членови на „Вагнер“. Веневитин наведува дека тоа го направил „од лично невнимание“. Човекот зад камерата го прашува потполковникот како може да се карактеризираат неговите постапки. По долга пауза, Веневитин одговара: „Јас сум виновен“.
Каналот „Сирена“ пишува дека го пронашол името Роман Веневитин во базите на податоци на војниците. Според каналот, тој има 45 години, и е офицер во руските вооружени сили, а пред тоа работел во агенцијата за безбедност „Спарта“ во регионот Нижни Новгород. Во 2013 година наводно му била одземена возачката дозвола поради возење во пијана состојба.
Прес-службата на Пригожин претходно објави извештај според кој „Вагнер“ се впуштил во пресметка со припадниците на руското Министерство за одбрана кај селото Семигорје, кое се наоѓа недалеку од Бахмут.
Министерството за одбрана на Русија, според медиумот, не сакаше да го коментира видеото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Момче од Штип било принудувано да зема…
На 21.06.2025 во 18.10 часот во Штип,…
На Богородица и Табановце од македонска страна…
На граничните премини Богородица и Табановце, од…
САД ја повикуваат Кина да го одврати…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска ја…
ВМРО-ДПМНЕ е виновно за состојбите вo Скопје
Работите по една година од владата на…
ДПМНЕ со системски упади го руши владеењето…
Во време кога владеењето на правото и…