(Видео) Вакво нешто не сте виделе: 40 лица кренаа автобус со голи раце за да спасат младо момче
Oколу 40 луѓе во Берлин кренаа со раце автобус од јавниот превоз за да ослободат млад човек кој бил приклештен под задното тркало, соопшти полицијата во германската престолнина.
Властите соопштија дека 18-годишникот бил прикован од гумата на задната оска, откако паднал трчајќи да го фати автобусот кој се оддалечувал од станицата.
Полицијата навела дека возачот веднаш го запрел автобусот и дека со помош на околу 40 луѓе успеал да ја подигне десната страна на автобусот доволно високо за да го извлече младиот човек, пренeсе АП.
Младиот човек имал повреда на раката, гребаници, модринки и бил пренесен во болница каде му била извршена операција, соопшти полицијата.
Берлинската полиција соопшти дека е импресионирана од колективната спасувачка акција и ги нарече херои лицата кои се вклучиле.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена од Македонија се удавила во Грција
Државјанин на Србија и државјанка на Македонија…
Мнозинството Американци се против војна со Иран
Мнозинството Американци изразуваат незадоволство од начинот на…
Кочанскиот градоначалник Крстевски седна во пицерија-дивоградба и…
Привремениот градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, попладнево…
Филипче соопшти 19 кандидати за градоначалници од…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти…
Поранешниот директор на Oнкологија, Васев и организацискиот…
Поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и…