(Видео) Вакво нешто се нема случено 30 години во независна Македонија: Под клуч уште една дива депонија – Арсовска на терен ги фати живи како истураат токсичен отпад!

t

Ставаме крај на неказанивоста, ставаме крај на екоцидот кој го вршат поединци на грбот на здравјето на мнозинството, со цел да заработат некој денар повеќе загрозувајќи го животот и здравјето на македонските граѓани, и уништувајќи ја животната средина.

Сакам да ја известам целата македонска јавност дека ставивме крај на уште една дива депонија на територијата на Град Скопје, депонија која со децении ги труе скопјани.

Депонијата се наоѓа во населба Визбегово каде нашите инспектори на лице место затекнаа камиони и тешка механизација како истура токсичен смет и градежен отпад, по што беше повикана и полицијата да реагира.

Она кое што било дозволувано со години и поминувало неказнето денес се санкционира, сопствениците ќе одговараат кривично со својот имот и со својата слобода.

За крај им се обраќам на сите оние кои што со ваков екоцид штетат на здравјето на граѓаните, заврши вашето време, заврши времето на неказнивоста, одговорност ќе има за сите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…

Засилено полициско присуство е забележано утрово на…

Сопственик на фирма за технички преглед на…

Управител на друштво за технички прегледи на…

ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…

Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…

Трамп не се помирува со поразот: Објави…

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…

Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…